Тома Карајовов: “Никола Милев како граѓанин и родољубец”
Резервниот член на ЗП на ВМРО и бугарски општественик Тома Кaрaјовов за животот и делото на видниот историчар, политичар и револуционер проф. д-р Никола Милев:
„Неговото својство како Македонец за него беше неразделно од неговото својство како Бугарин. Сфаќањето дека Бугарите, каде и под какви услови и да се наоѓаат, се неразделно и органски поврзани, беше една од неговите политички догми, црпена од длабочината на неговите научни истражувања. Силен со својата научна подготовка, со знаењето на толку јазици, окрилен од неговата љубов кон својот народ, тој одамна им внесуваше безгранична доверба на своите сонародници-Македонци, избраниците на кои во неговата личност наоѓаа предан и корисен советник, а во многу случаи и соработник по најделикатните прашања и во најтешките моменти од нашата историја“.

