ТОТНЕМ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ ФУДБАЛЕРИ ДО 2023 ГОДИНА

Жозе Мурињо сака неговиот Тотнем во иднина да биде конкурентен и за титулата во Премиерлигата, па затоа реши да ги задржи важните фудбалери.

Освен што се работи на потенцијални засилувања, Мурињо реши да му го продолжи договорот на стоперот Тоби Алдервејрелд.

Тотнем објави дека фудбалерот го продолжил договорот до 2023 година, а во следните денови се очекува и уште неколку фудбалери да потпишат нови договори.

Извор: Спорт1

Слични Објави