|

Трамп ќе ја прогласи Антифа за терористичка организација

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе ја прогласи Антифа – скратено од „антифашисти“, што се однесува на различни левоориентирани групи – за „терористичка организација“. Тоа е чекор за кој тој се заканува уште од неговиот прв мандат, јавува БГНЕС.

„Ќе препорачам, исто така, оние кои ја финансираат АНТИФА да бидат темелно истражени, во согласност со највисоките правни стандарди и практики“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social, нарекувајќи ја Антифа „БОЛНА, ОПАСНА, РАДИКАЛНА ЛЕВИЦА“.

Високиот функционер од Белата куќа, Стивен Милер, се закани дека администрацијата ќе го разгроми наводно „огромното внатрешно терористичко движење“, кое тој го поврза со убиството на десничарскиот активист Чарли К’рк.

Трамп со години ја обвинува Антифа за разни активности што не ги одобрува – од насилство врз полицијата, до учество во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Слични Објави