Трамп e подготвен за нови санкции против Москва по најголемиот руски воздушен напад врз Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе нови санкции против Москва, само неколку часа откако Русија изведе најголем воздушен напад врз Украина досега, јавува БГНЕС.
Говорејќи пред Белата куќа, Трамп одговори со „да, подготвен сум“ на новинарско прашање дали ќе преземе дополнителни санкции кон Русија, пренесе агенцијата Анадолија.
Потврдата доаѓа по рекордниот напад во кој Русија за една ноќ истрела 818 дронови и ракети – бројка што го надмина претходниот рекорд од 728 проектили забележан во јули.

