|

Трамп: Украина би можела да си ја врати целата територија

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изрази уверување дека Украина може да ја врати целата своја територија со поддршка од Европската Унија.

“Откако ја запознав и целосно ја разбрав воената и економската ситуација во Украина и Русија и откако ги видов економските проблеми што војната ѝ ги предизвикува на Русија, мислам дека Украина, со поддршка од Европската Унија, е во позиција да се бори и да победи и да си ја врати целата украинска територија во нејзиниот првобитен облик. Со време, трпение и финансиска поддршка од Европа и особено од НАТО, првичните граници, од каде што започна оваа војна, се многу веројатна опција”, напиша Трамп на својот профил на Truth Social, додавајќи дека Русија се бори повеќе од три години за нешто што „вистинска воена сила“ би можела да го освои за помалку од една недела.

„Зошто да не? Русија се бори бесцелно веќе три и пол години – војна што требаше да ѝ одземе на една вистинска воена сила помалку од една недела за да ја добие. Тоа не ја издвојува Русија. Всушност, тоа ја прави да изгледа како „хартиен тигар“, посочи Трамп и додаде:

Понатаму, претседателот на САД забележа дека Украина би можела „можеби дури и да отиде подалеку од тоа“, нагласувајќи дека и Русија и рускиот претседател Владимир Путин се во „големи економски проблеми“ и дека ова е моментот Киев „да дејствува“.

„Кога луѓето што живеат во Москва и сите големи градови, села и области низ цела Русија ќе разберат што навистина се случува со оваа војна, фактот дека е речиси невозможно за нив да набават бензин поради долгите редици што се создаваат, и сите други работи што се случуваат во нивната воена економија, каде што најголемиот дел од парите им се трошат за борба против Украина, која има голем дух и само се подобрува, Украина ќе може да си ја врати државата во првобитниот облик и, кој знае, можеби дури и ќе оди подалеку од тоа! Путин и Русија се во големи економски проблеми и сега е моментот Украина да дејствува”, напиша Трамп и потенцираше:

„Ќе продолжиме да испорачуваме оружје на НАТО, за НАТО да може да прави со него што сака. Успех на сите”.

Претседателот Трамп, исто така, призна дека неговите односи со Владимир Путин во минатото не влијаеле врз војната на Русија во Украина.

Говорејќи на билатерална средба со францускиот претседател Емануел Макрон за време на 80-то Генерално собрание на ООН, Трамп изјави дека некогаш верувал дека неговата лична врска со рускиот лидер може да го олесни тензиите, но „за жал, тие односи не значеле ништо”.

Тој ја критикува Москва за продолжувањето на конфликтот, нагласувајќи дека по повеќе од три години борби „илјадници се убиваат секоја недела, без да се постигне напредок“.

Трамп, исто така, ја пофали улогата на Франција во помагањето за решавање на други регионални спорови, изјавувајќи дека поддршката на Макрон била клучна за постигнување на неколку договори.



Слични Објави