Трендафилов: Власта во Скопје не ги спроведува одредбите од договорот со Бугарија
Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на Националниот комитет на Граѓанско-демократската унија (ГДУ), во вечерашното гостување во „360 Степени“ на телевизијата Алсат, изјави дека довербата во комуникацијата меѓу Скопје и Софија е изгубена и оти таа треба да се врати.
„Треба да се покаже гест на добра волја, веројатно и од двете страни. Согласен сум дека власта во Скопје не ги спроведуваше одредбите од спогодбата и дека таа треба да покаже подготвеност на делот дека има намера да ги спроведе за да ја врати довербата кај соговорникот“, вели Трендафилов.
Според него, промена на Уставот и вклучување на Бугарите како дел од конститутивните народи на државата би бил најбрз чекор за да се стави крај на стигматизацијата на македонските Бугари.
