110 години од смртта на Христо Чернопеев
Христо Михајлов
Роден е во 1868 година во село Дерманци, Луковитско, Бугарија. Служел како бугарски подофицер, најпрво во Плевенскиот, а потоа во Ломскиот пешадиски полк, во ротата на славниот Борис Сарафов. Веднаш по навлегувањето на бугарските офицери во Мелничко, во летото на знаменитата 1895 година, тој решил да влезе во редовите на македонските борци. Неговата прва задача била да образува кружок во својата дружина, и наскоро успеал во тоа.
Во 1898 година заминал за Солун, во директна служба на ЦК, сега веќе како инструктор на бугарски младинци — идни четници. Во летото на 1895 година заминал во Гевгелиската чета, предводена од Михаил Апостолов – Попето, и ја извршувал мисијата на агитатор меѓу бугарското селско население. Неговото вистинско презиме било Черњопеев, но во Македонија веќе бил познат како Христо Чернопеев. Станал и војвода на бугарска чета во Кукушко.
Во летото 1901 година активно учествувал во запленувањето на американската мисионерка Елена Стоун и нејзината придружничка Катерина Стефанова — родена Бугарка од Банско, мажена за Албанецот Григор Цилка од Корча — и една бабичка. Во таа акција, освен Христо Чернопеев, учествувале и прославениот Јане Иванов Сандански, племeникот на Хаџи Димитар — Крсто Асенов, војводата Андон Косето и уште неколку бугарски четници.
Мачните преговори за откупот, првично околу 25.000 турски лири, подоцна намалени на 14.000, биле водени токму од Чернопеев и Асенов со американските претставници — мисионерите д-р Хаус и Дикинсон. По многу мачни перипетии, придружени и со раѓањето на бебето на Катерина, парите најпосле биле добиени и распределени по организационите реони.
Потоа Чернопеев заминал за Струмичко, каде што ја продолжил својата револуционерна дејност. Одлуката донесена во Солун за претстојното општо востание Чернопеев ја примил со голема лична загриженост, бидејќи наличните 300 пушки во Струмичкиот реон биле сосема недоволни за таков подвиг. Иако не се согласувал со веќе донесената одлука поради неповолните услови, сепак братски се оѕвал и дал свој придонес во редица битки со Турците во Разлошко.
Веднаш по трагичното Илинденско-Преображенско-Крстовденско востание, Чернопеев станал раководител на Струмичкиот револуционерен округ и се приближил кон т.н. левица во организацијата.
По Младотурската револуција активно учествувал во создавањето на Народната федеративна партија — Бугарска секција, основана во 1909 година. Нејзината основна цел била постигнување на областно самоуправување во рамките на Турската држава. Но партијата не постоела долго. Чернопеев ја напуштил истата година и повторно заминал во илегалност.
Во пролетта 1910 година, заедно со дејци од Струмичкиот, Солунскиот и Серскиот револуционерни окрузи, создале нова организација на национална бугарска почва со цел извојување на автономија на Македонија — наречена Одринско-Народна македоно-одринска револуционерна организација. По продолжителни преговори со другите окрузи и со поранешното раководство, во 1911 година се обновила ВМОРО со стариот устав и правилник. Така, во ЦК влегле Тодор Александров, Петар Чаулев и Христо Чернопеев.
За време на Првата балканска војна Христо Чернопеев раководел со бугарска чета која го ослободила Банско и стигнала до градот Кавала, во чијо ослободување активно учествувал и поетот Пејо Крачолов Јаворов.
Во 1914–1915 година бил избран за пратеник во Народното собрание од градот Струмица. На злокобниот 6 ноември 1915 година загинал како бугарски офицер во бојот кај Криволак. Така загинал незаборавниот Христо Чернопеев — скромниот носител на вистинското му име Черњо Пеев.
Тој храбар бугарски воин против Срби, Грци и Англо-Французи, благороден собеседник, од чиј огнен говор слушателите останувале во воодушевување, и неуморен борец, го завршил својот голем живот како непоколеблив трудбеник за слободата на македонските Бугари.
НЕКОИ ИЗБРАНИ МИСЛИ НА ХРИСТО ЧЕРНОПЕЕВ
После откако Сарафов беше избран во комитетот, и како што дознав токму от него, дека има нужда да се дејствува и внатре во Македонија, тогаш ја напуштив воената служба и веднаш дојдов во Софија,, каде што бев еден месец. Тука се срекавав главно со Сарафов и Ѓорче Петров. Многу добро рабра, дека внатре има голема нужда да се организира револуцијата, откако добро ке се подготви народот, пред се духот на народот. Веке знаев, дека има организиран комитет ЦК; и разбрав , дека Ѓорче Петров е делегат на ЦК на Централниот комитет и от Ѓорчета главно осознав за Внатрешната организација.
Јас во сите свои писма сум настојувал да се собере конгрес и да се види, ако може евентуално да се подигне востание, да се дига, или пак да се приготвиме да им се спротиставиме на врховистите и да не го вршиме востанието во пролетта. На Солунскиот конгрес от Битолско имаше само еден делегат Анастас Лозанчев. Сите други и струмички делегат Иван Попарсов, и Инглизов, и тие беа за востание при сето што во Струмичко имаше само 200 пушки, во Мелничко до 300 се на се најмногу до 500 пушки. Откако ми го соопштија сето тоа, јас просто полудев.
Треба ли да се дејствува заедно со младотурците и да се изменат бугарскиот национални идеали или пак да ме објават за нелегален и да ме прогонуваат.

