ТРЕНЕРОТ НА ШАЛКЕ ДОБИ ЦРВЕН КАРТОН, БИДЕЈЌИ МУ ПОМОГНА НА ПРОТИВНИЧКИ ИГРАЧ (ВИДЕО)

//

Тренерот на Шалке, Давид Вагнер синоќа на дуелот против Херта во рамки на Купот на Германија доби црвен картон во продолженијата.

Причината за неговото исклучување беше навистина бизарна, бидејќи не направи ништо лошо. Тој се обиде да му помогне на противнички играч, откако се залета крај аут-линијата.

По прегледувањето на снимката со помош на ВАР-технологијата, Вагнер доби црвен картон и мораше да го напушти стадионот. Проценете сами дали тренерот на тимот од Гелзенкирхен заслужи исклучување.



Извор: Спорт1

Претходна статија

АНТИКОРУПЦИСКА НАЈПРВО ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА ИМОТНАТА СОСТОЈБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СУДОВИТЕ

Следна статија

ЦАРОВСКА СМЕТА ДЕКА НЕМА НИШТО СПОРНО ВО ИСПЛАТАТА НА К-15 ПРЕДВИДЕНА СО КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Најново од Вести