Трет предупредувачки протест на МИА
Вработените во Медиумската информативна агенција и денеска излегоа на предупредувачки протест за време на паузата бидејќи Владата сè уште не одговори на нивното барање за зголемување на платите.
Вработените во МИА имаат серија барања, од кои најитно е зголемување на платите 30 проценти и порамнување со трошоците на живот.
МИА дневно продуцира речиси 400 вести на македонски, на албански и на англиски јазик и е главен извор на вести во медиумскиот простор како во државата така и во регионот.
Вработените во МИА се надеваат дека набргу ќе има позитивна разрешница на нивното легитимно барање за зголемување на платите.
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници оценува дека барањата на вработените во МИА се легитимни и дава целосна поддршка бидејќи слободата на медиумите и слободата на говорот, па дури и борбата против лажните вести, се невозможни ако новинарите и медиумските работници имаат потпросечни плати.