ТРИ ДЕНА КАРАНТИН ЗА СИТЕ ШТО ВЛЕГУВААТ ВО ГРЦИЈА

Грција воведува тридневен карантин за сите патници кои ќе пристигнат со авион на 18 декември во земјата.

Грчката агенција за цивилно воздухопловство денеска издаде белешка со која се проширува мерката за заштита на патниците во воздухот и населението од инфекција со коронавирус, што вклучува задолжителен тридневен карантин за сите патници кои влегуваат во Грција.

Одлуката се однесува и на патниците кои доаѓаат во Грција од земјите членки на ЕУ и ќе бидат на сила од 18 декември до 7 јануари, објави агенцијата АНА.



Извор: Макфакс