| |

„ТРИБУНА“ ГО ПРАШУВА МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ…

Г-не Министер кога ќе ја напуштите функцијата? Колку и да се обидувате да ја префрлите вината за бегството на Никола Груевски кај судиите, Вие исто така носите огромна одговорност за тоа што се случи. Вие требаше да предвидите дека човек со контакти и влијание може да искористи шанса и да „кидне“ од државата. Многу плитко звучи и оправдувањето дека припадниците на МВР задолжени да го чуваат Груевски, не го побарале неколку дена, бидејќи самиот екс премиер не ги побарал. Какви мерки спроведовте за да го обезбедите присуството на Груевски во Македонија?

Како менаџирате со Министерството за внатрешни работи? Ви избегаа двајца тазе лажни Бугари и поранешни припадници на УБК. Ви избега едниот од осомничените за убиството на Никола Саздовски. Ви избега и Груевски. Тоа нѐ тера да веруваме дека ако утре ние како скромен медиум направиме некаква „глупост“ за која се лежи, ќе можеме без никаков проблем да „фатиме магла“ од овде, а тоа е проблем и тоа голем проблем.

Кажете ни до кога ќе сте министер, за да знаеме дека ако не дај Боже направиме беља ќе имаме можност да избегаме.

Слични Објави