|

Трибуна повикува: Донирајте за гинекологија и собирајте сметки од патарини за пратениците!!!

Порталот „Трибуна“ се приклучува кон благородната иницијатива за донирање средства за доопремување на Државната гинекологија. Но ние не ги забораваме и пратениците. Некои од тие драги нам луѓе маки мачаат да најдат начин како да искешираат што е можно поголеми патни трошоци. Затоа собирајте ги сметките од патарина и наместо во ѓубре испраќајте им ги на народните избраници. Бидете хумани. Да не беше толку трагична сликата, ќе беше смешна:

(Написите објавени во рубриката „Кромидарки“, се плод на имагинацијата на нашиот мал, но сплотен колектив. Тие не спаѓаат во така озогласената категорија fake news, бидејќи немаат за цел да шират страв омраза и параноја, туку се обид за малку поинаков поглед на нашата реалност. Се надеваме дека личностите спомнати во нашите написи, ќе погледнат на нашиот труд со чувство за хумор и нема да нѐ шетаат по судови ? ).



Слични Објави