|

Трипуновски на средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија и д-р д-р Теклу Тесфаје виш економист за земјоделие во канцеларијата на Светска банка во Македонија.

Разговаравме за проектот „Модернизација на земјоделството“ кој е финансиран од Светска банка, ме известија за статусот на имплементацијата и текот на активностите како и за застојот со кој што се соочиле при реализацијата на проектот. – изјави Трипуновски.

Двете страни изразија спремност за понатамошна успешна соработка со цел реализација на планираните, но и започнување на нови заеднички проектни активности.

Јас ќе сторам се за да помогнам во имплементацијата на проектот „Модернизација на земјоделството“ и истиот да биде финализиран што поскоро бидејќи македонските земјоделци заслужуваат модерни и квалитетни услови за работа- заврши Трипуновски.



Слични Објави