ТРОПСКАТА БУРА КРИСТОБАЛ ПРЕДИЗВИКА ПОПЛАВИ ВО МЕКСИКО

/

Тропската бура Кристобал предизвика големи врнежи од дожд и поплави кои се опасни по живот во делови на Мексико, но според предвидувањата, може да се претвори во тропска депресија во следните неколку часа, објави американскиот Центар за урагани.

Кристобал, со налети на ветер од 75 километри на час го погоди брегот на Мексико на 35 километри од Сиудад дел Кармен, пренесува „Ројтерс“.

Како што соопшти Центарот, се очекува бурата повторно да зајакнува во следните денови.

Мексиканската армија евакуираше 138 лица во Кампече поради поплавите кои ги загрозија куќите, а полицијата предупреди дека патиштата се поплавени, пренесува АП.



Кристобал е формиран од остатоците од тропската бура Аманда, која ја погоди Централна Америка и однесе најмалку 22 животи во Ел Салвадор и Гватемала.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ОНЛАЈН АРХИВА НА РЕФЛЕКСИИ – ОБИД ЗА СОЗДАВАЊЕ НОВ ЈАВЕН ПРОСТОР ЗА КУЛТУРНА РАБОТА

Следна статија

„МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“ СО ОБВИНЕТИ БОКИ 13 И РЕМЕНСКИ СТАРТУВА НА 1 ЈУЛИ

Најново од Вести