|

Туристите кои ќе добијат позитивен ковид-тест во Грција, одат во 10-дневен карантин

Туристите во Грција доколку бидат тестирани и имаат позитивен ковид-резултат ќе одат во десетдневна изолација во хотелите за карантин, предвидено е со новите, ажурирани упатства на Националната организација за јавно здравје на Грција во однос на карантинот на позитивни случаи и нивните блиски контакти.

За завршување на изолацијата, без разлика дали лицето е вакцинирано или не или дали има прележано ковид-19, во случај да е асимптоматско, треба да поминат десет дена од тестирањето, или десет дена и три дена без температура, во случај да има симптоми, како и негативен резултат од брз тест и за двата случаи. Овие правила и упатства не се однесуваат на зараза со некоја од мутациите на ковид-19, каде што се следат специјални протоколи.



Слични Објави