ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН УАПСЕН НА АЕРОДРОМОТ ВО СКОПЈЕ
Државјанин на Република Турција синоќа е уапсен на скопскиот аеродром откако службите добиле информација дека лицето треба да се лиши од слобода.
Како што се наведува во полицискиот билтен:
На 22.08.2019 во 21,00 часот на Граничниот премин “Меѓународен аеродром-Скопје“, на влез во РСМ, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Р.С.(61) од Р.Турција евидира со мерка “Aпси“. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

