ТУРСКИОТ ДРЖАВЕН СОВЕТ ЈА ОДОБРИЛ ПРЕНАМЕНАТА НА СВЕТА СОФИЈА ВО АКТИВНА ЏАМИЈА

Државниот совет на Турција едногласно одобри промена на статусот на Музејот Аја Софија во џамија, напиша на својот Твитер налог турскиот новинар Раџип Сојлу, повикувајќи се на извори во турската Влада, пренесува Сител.

Според него, пренамената треба официјално да биде објавена утре.

Дека турските власти размислуваат за промена на статусот на Аја Софија е објавено на 2 јули. Тогаш беше наведено дека, според последните истражувања, околу 70 отсто од турските испитаници ја одобруваат одлуката Аја Софија да се пренамени во џамија.