|

УАПСЕН Е ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВОТО НА ЖЕНА ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Полицијата извести дека до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднела кривична пријава против И.Е. (36) од Скопје кој е осомничен за кривично дело убиство.

Во полициската пријава пишува дека тој во куќа на улицата „Гарибалди“ во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б. (33) од Скопје, поради меѓусебно недоразбирање,  физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што Х.Б. починала.

Потоа тој го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на село Горно Оризари, скопско, покрај патот кој води од населбата Шуто Оризари кон село Горно Оризари. Телото било пронајдено два дена подоцна, на 5 август лани.

Слични Објави