УАПСЕН МАНИЈАКОТ КОЈ СЕ САМОЗАДОВОЛУВАЛ ПРЕД МИНУВАЧИ ВО ЦЕНТАР

//

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.Ш.(26) од Скопје, ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело„задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик.

-По превземените оперативни мерки и активности полициски службеници од Единица за насилен криминал го лишија од слобода Е.Ш., а во насока на утврдување на идентитетот на лице коешто во неколку одвоени случаи и за релативно краток временски период, вршело задоволување на полови страсти пред граѓани, случајни минувачи и тоа на 20.01. и 03.02. годинава на бул.„Кочо Рацин во Скопје и на 25- овој месец на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје, информираат од МВР.

По неговото лоцирање и лишување од слобода, од страна на оштетените извршено е позитивно препознавање во присуство на Јавен обвинител.





Претходна статија

НАДАЛ ПРОТИВ ДИМИТРОВ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ВО АКАПУЛКО

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: СОСТОЈБАТА СО КОРОНА ВИРУСОТ Е ПОД КОНТРОЛА, А КАКО ПРЕВЕНЦИЈА ЈА РАЗГЛЕДУВАМЕ ОПЦИЈАТА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ СОБИРИ 

Најново од Вести