Уапсен таткото на убиецот од Белград, оделе заедно на стрелиште
Упасен е таткото на 14-годишникот кој денес уби осум деца и еден чувар во основно училиште во Белград.
Српскиот министер, Братислав Гашиќ, на прес-конференција во Владата на Србија рече дека е уапсен и таткото на момчето.
„Двата пиштоли, оној во ранецот и оној со кој е извршено ова кривично дело, биле во легална сопственост на таткото на момчето. Тврди дека биле заклучени во сеф, под шифра, има неколку оружја, регистрирани во 2016 и 2017 година, но очигледно детето имало шифра за тие пиштоли“.
Момчето често одело на стрелиште со својот татко, објави министерот.
Претходно медиумите пишуваа дека родителот е познат радиолог во Србија.
Коста Кецмановиќ кој го изврши масакрот во училиштето, самиот ја повикал полицијата во 8 часот и 42 минути и кажал дека ги убил учениците. Тој убиството го планирал еден месец и направил список на лицата кои сакал да ги убие.
Србија прогласи тридневна жалост.

