Објавено видео од апсењето на убиецот во училиштето во Белград
Ученикот Коста Кечмановиќ (14) бил уапсен веднаш по пукањето во училиштето во Белград, а објавено е видео од апсењето.
Како што пишуваат српските медиуми, Кечмановиќ бил скрос одличен ученик и бил револтиран од тоа што добил единица од историја, иако официјално, причината за масакрот засега останува непозната.
Официјално, загинаа осум ученици и чуварот во училиштето.
Наставничката која била писутна во училницата се бори за живот, пишуваат српските медиуми.
Син на познат радиолог, ученик со сите петки – Кој е Коста, кој пукаше во училиштето во Белград?

