|

(Видео) Вмровските пратеници ќе може само да го разгледаат договорот за автопатиштата, СДСМ бара да се одлучат кога и каде

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ бараше да се разгледува договорот за коридорите, самите да одлучат на која комисија, кога и каде сакаат да се разгледува, да донесат одлука како да се движи во Собранието и тоа да го направат што побргу, рече денеска во одговор на новинарско прашање координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

„Ако го анализирате вчерашниот ден, кога главна тема беше каде ќе се разгледува договорот за коридорите, првата шпекулација од ВМРО-ДПМНЕ беше дека наводно мнозинството бара начин како договорот воопшто да не се разгледува. На тоа одговоривме и како став беше прифатен на координација кај претседателот на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи бараше да се разгледува договорот за коридорите, самите да одлучат на која комисија, кога и каде сакаат да се разгледува, да донесат одлука како да се движи во Собранието и тоа да го направат што побргу. Кога видоа дека немаат одговор, а целта очигледно им е да продолжат со шпекулации, почнаа со нови измислици и шпекулации дека договорот треба да биде даден на разгледување неколку дена. Иако точно знаат дека во согласност со законските одредби за класифицирани информации и уредбата на Владата донесена во 2004 година за ваков тип договори, тоа не е можно на тој начин затоа што има пропишано начин. Затоа уште еднаш апелирам ВМРО-ДПМНЕ да каже на која комисија и каде сака да се разгледува договорот и тоа да биде што побргу. Само на тој начин ќе ги прекинеме сите шпекулации поврзани со најголемиот инфраструктурен проект од независноста до денеска. ВМРО-ДПМНЕ само се служи со лаги и само сака да го одолжи овој национален проект“, рече Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.
Видеото погледнете го ТУКА



Слични Објави