|

Уапсени најмалку 98 лица во Турција за грабежи или измами по земјотресот

Турските безбедносни сили уапсија најмалку 98 лица за наводно ограбување оштетени згради и грабеж или измама на жртвите од разорниот земјотрес минатата недела, објави турската државна новинска агенција „Анадолија“.

Најмалку 42 осомничени се под истрага во јужната турска провинција Хатај за наводно ограбување оштетени згради, според безбедносни извори, кои сакаа да останат анонимни , пренесе „Анадолија“.

Уапсени се најмалку 40 осомничени, а безбедносните сили заплениле шест пиштоли, три пушки, накит, банкарски картички, околу 11.000 долари и 70.000 турски лири (околу 3.700 евра) во готовина, објавија државните медиуми.

Уапсени се уште две лица откако се претставиле како хуманитарни работници и наводно се обиделе да ограбат шест камиони со храна за жртвите од земјотресот во провинцијата Хатај, соопшти агенцијата.

На друго место во земјата, десетици други осомничени беа уапсени за грабеж во областите погодени од земјотресот, јавува „Анадолија“.

Осомничените се уапсени во најмалку осум провинции, вклучувајќи ги Кахраманмарас, Хатај, Адијаман, Малатија, Османије, Адана, Газиантеп и Шанлиурфа, се додава во написите.



Слични Објави