|

УБИЕН Е ИРАНСКИ КОМАНДАНТ БЛИЗОК ДО ПОКОЈНИОТ ГЕНЕРАЛ КАСЕМ СОЛЕЈМАНИ

Убиен е командант на иранските безбедносни сили. Нападот се случил денеска пред неговиот дом во Дархоин, провинција Кузстан во Иран, јавува Асошиејтед Прес.

Убиениот е Абдолхосин Модџами, командант на милицијата „Басиџ“, што е дел од Иранската револуционерна гарда. Модџами бил близок соработник на веќе покојниот генерал Касем Солејмани, командант на единицата „Кудс“ во Иранската револуционерна гарда.

Иранските медиуми јавуваат дека Модџами бил убиен во заседа од страна на двајца маскирани напаѓачи со мотор, кои биле вооружени со автоматски пушки.

Засега никој не презел одговорност за нападот, а иранските власти го истражуваат случајот.



Слични Објави