УБИСТВО ВО КИЧЕВО, МАЖ ПРОНАЈДЕН ЗАДАВЕН

/

Седумдесет и петгодишен маж бил пронајден мртов во неговата семејна куќа во селото Црвевци, кичевско. Од Обвинителството соопштија дека мажот во куќата живеел сам, а од обдукцијата произлегло дека тој бил задавен.

„Поради сомнение за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт – давење. Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, денеска по издадена наредба на обвинителството повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде е извршено кривичното дело“, соопштија од обвинителството.

Од МВР потврдуваат дека кај починатиот имало видливи повреди и велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.



Извор: Макфакс

Претходна статија

НОВИ ЧЕТИРИ ДЕСТИНАЦИИ СО „ВИЗЕР“ ОД СКОПЈЕ И ОХРИД

Следна статија

22 ГОДИШНИК ОД ТЕТОВО УАПСЕН ЗА МАРИХУАНА И РИЗЛА

Најново од Вести