Удар за Јувентус: Квадрадо мора на операција

/

Крилниот фудбалер на Јувентус, Хуан Квадрадо ќе мора да оди на операција, а тоа ќе значи дека во следните три месеци ќе биде надвор од терените.

29-годишниот колумбиски репрезентативец нема настап од крајот на декември бидејќи има спортска хернија. Конзервативното лечење не даде резултат, па поради тоа ќе мора да му биде извршена операција.

Квадрадо ќе се оперира кон крајот на оваа седмица, а се очекува на терените да се врати дури во завршницата на сезоната, односно во мај.



Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Кутињо се врати во Ливерпул

Следна статија

Шилегов: Градот Скопје, функционален град за безбедно пешачење и возење велосипед

Најново од Вести