Кутињо се врати во Ливерпул

/

Новата ѕвезда на Барселона Фелипе Кутињо кој неодамна потпиша договор со Барселона за рекордна сума се врати во Ливерпул.

Бразилецот доби дозвола од својот клуб и со приватен авион отпатува во Ливерпул со цел да се збогува со своите поранешни соиграчи бидејќи не успеа да го направи тоа во деновите кога трансферот се завршуваше.

Кутињо изминатата вечер пристигна во кампот на „црвените“, а како што наведуваат медиумите тој ќе организира и мала проштална забава на која ќе бидат поканети сите фудбалери на клубот и тренерот Јирген Клоп.



Меѓутоа не е јасно кога ќе биде одржана оваа забава бидејќи Ливерпул вечерва го игра натпреварот против Хадерсфилд, а Кутињо мора брзо да се врати во Барселона бидејќи Каталонците во четврток ги очекува натпреварот против Валенсија во шпанскиот куп.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Опозицијата во Србија ги спореди изборите за Белград со битката за Сталинград

Следна статија

Удар за Јувентус: Квадрадо мора на операција

Најново од Вести