УЕФА НЕ ДОЗВОЛУВА ДА СЕ ОДЛОЖИ МЕЧОТ ИНТЕР-ЛУДОГОРЕЦ: ЌЕ СЕ ИГРА ПРЕД ПРАЗНИ ТРИБИНИ!

/

Голема паника предизвика коронавирусот во Италија, поради што беа одложени голем број натпревари во Серија А.

Премиерот на земјата, Џузепе Конте, потврди дека повеќето мечеви веројатно ќе бидат одложени и следниот викенд.

Исто така, беше доведен во прашање и натпреварот во Лигата на Европа, меѓу Интер и Лудогорец. Реванш натпреварот од 1/16 финалето треба да се одигра во четврток, а се зборуваше дека мечот дури може да биде и одложен.

Но, италијанските медиуми пренесуваат дека УЕФА објавила дека овој натпревар мора да се одигра, а скоро сигурно ќе биде на празни трибини на стадионот „Џузепе Меаца“.



Интер славеше со 2-0 во првиот натпревар и веќе е на чекор до пласман во осминафиналето во Лигата на Европа.

Извор: Спорт1

Претходна статија

СПАСОВСКИ: КО-ПРЕТСЕДАВАЊЕТО НА БЕРЛИНСКИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА Е ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

МОТОЦИКЛИСТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО ВЕЛЕС

Најново од Вести