|

УХМР најавува поројни врнежи и снег во вечерните часови

Во попладневните и вечерните часови се очекува врнежи од дожд, кои на места, особено во источните делови врнежите ќе бидат поројни (над 35 л/м2), проследени со грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во ноќните часови на планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер (над 70 км/час).
Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Слични Објави