|

Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку Стража

Во 10.30 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, информираат од АМСМ.

Денеска, ќе се изведува и минирање за потребите за изградба на експресниот пат А2, делница Длабочица – Чатал, и затоа е предвиден привремен прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница – мост на реката Блидеш во периодот од 12 од 16 часот. По минирањето, патничките возила ќе се пренасочуваат на локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин сè до расчистување на магистралниот пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинскиот превој Стража и во Крушево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментата временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2024 година.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични Објави