Украдени над 50 сообраќајни знаци од патиштата во државата, полицијата ги бара крадците
Украдени се 54 сообраќајни знаци од патиштата во Македонија, во периодот од октомври минатата година до овој месец, соопшти полицијата.
Од магистралниот пат А3 Прилеп – Тополчани биле одземени 17 сообраќајни знаци, од регионален пат Прилеп – Македонски Брод 26 сообраќајни знаци и од регионалниот пат Прилеп – Крушево биле украдени 11 знаци.
Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.