|

Украина соопшти дека соборила 20 руски беспилотни летала

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле крстосувачка ракета и 20 руски беспилотни летала.

„Во текот на ноќта Русија изврши воздушен напад врз Украина со помош на балистичка ракета „Искандер“, крстаречка ракета и нападни беспилотни летала“, соопшти денеска украинското воздухопловство.

Украинските системи за противвоздушна одбрана уништија крстаречка ракета и 20 нападни беспилотни летала, објавија од военото воздухопловство на апликацијата за пораки Телеграм.

Слични Објави