|

Ова е прв чекор кон демократијата*

Facebook статус на Благој Шаторов

Почитуван господине Малевски,

Инспириран од Вашата последна колумна на 08.12.2023 година во Фокус

„Иван Катарџиев: Верувам во имунитетот на македонскиот национален идентитет“ и поттикнат од истиот и што ме почестивте со Вашиот одговор речиси четири години подоцна, би сакал по ред да споделам некои размислувања:

Ја ценам Вашата интелектуална искреност бидејќи тоа е многу ретко во денешниот политички амбиент во Македонија. Вашиот одговор е натежен од непобитните факти кои нашите официјални власти и силите зад сцената под контрола на Белград продолжуваат да ги држат под катанецот на тоталитарната цензура. Очигледно е дека без читање на глас на овие страници од нашето минато, нашето општество нема начин да ја спроведе својата посткомунистичка катарза. Да, господине Малевски, на прагот на нашата европска иднина лежи застрелана од удбашки куршум ВИСТИНАТА за нашите бугарски историски корени. Можеби нашата заедничка историја со Бугарија немаше да предизвика толкава јаничарска омраза да не беше толку очигледна, но пред се да не беше пролеана толку македонска крв за да биде покриена. И денес, кога се пука по нашите бугарски клубови, кога се судат македонски патриоти затоа што се дрзнале да бидат Бугари, кога нашите простории се палат, а пироманите се претвораат во херои, кога се собра нова политичка емиграција од Македонија во Бугарија, прашањата до нашите политички лидери се јасни: „Кого мислите дека ќе исплашите во Македонија и кого мислите дека ќе измамите во Европа?“.

Можеби после уште 20 изгубени за нашите граѓани години, соочени со Судот на историјата и смачкани од срамот, наследниците на сторителите и политичките спонзори на овие злосторства ќе се оправдаат со она што го наведувате – т.н. имунитет на српско-македонската шашма. Можеби разбирате дека тоа не е имунитет, туку автоимуна болест, која веќе ја претвора нашата нова земја во инвалид со затруени односи со сите нејзини соседи. Годината е 2024 година и…уште ги немаме започнати преговорите за идно членство во Европа – тамо каде Бугарија веке од долги години учествува во сите одлуки – вклучително и во одлуките што не засегаат. На патот кон Европа не стигнаа Украина, уништена од агресијата и дури Молдова. /Како сите знаем, последните собраа храброст официјално да ја признаат заедничката историја и заедничкиот јазик со европска Романија./ А каде сме ние, господине Малевски? Сè уште не сме ги отвориле масовните гробници на македонските Бугари застрелани за време на Крвавиот Божиќ пред 79 години. Илјадниците кои беа во Титовите логори и зандани затоа што биле михаjловисти, коминформовци или вообште Бугари се уште не сме ги рехабилитирале. Нашите провинциски историчари сè уште се потсмеваат со абсурдни теории на нашиот бугарски цар Самоил, но истовремено ги бараат нашите корени во грчката династија на Александар Велики и во наследството на Клеопатра и Птоломејците.

Тажна е карикатурата на нашата македонска реалност денес, господине Малевски. Но, ние сме многу и секоj ден ќе бидеме се повеќе. Ќе jа дочекаме промената на Уставот за да ги гарантираме нашите права како државотворен бугарски народ во Македонија, што ќе биде првиот демократски чекор кон остварување на идеалите на Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михаилов. Ви благодарам уште еднаш за цивилизираниот одговор, за почитта кон мојот убиен претходник, како и за подготвеноста за дебата во која би можел мирно да го кажам мојот став, а соговорникот би искоментирал дека мојот став е интересен и би понудил свое мислење. Ова е прв чекор кон демократијата.

*Насловот е на редакцијата

Слични Објави