УМС ВМРО ДПМНЕ ОК Струмица организира планинарски марш ” Завет за нова енергија” во чест на Петте струмички студенти. Патеката од Орманли до Ќучук чешма – местото на погубувањето на Петте струмички студенти ќе биде местото на оддржување на планинарскиот марш во спомен на нивната маченичка смрт.
Од УМС ВМРО ДПМНЕ ОК Струмица ќе дадат завет на местото каде што беа погубени студентите, нагласувајќи дека на олтарот на младешката храброст да ветиме дека секогаш ќе стоиме горди под знамето на независна, слободна, демократска и вечна МАКЕДОНИЈА.