Уште една измама во Скопје со лажна сообраќајна несреќа, измамена 71-годишна жена за сума од 36.300 евра
На 16 октомври 2025 година, околу 17:20 часот, во СВР Скопје 71-годишна жена од Скопје пријавила дека била жртва на измама при што ѝ била одземена поголема сума на пари — 36.300 евра.
Според пријавеното, жената најпрво била контактирана телефонски од лице кое се претставило како полициски службеник. Лицето ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа и е тешко повредена, додавајќи дека е потребно итно да се плати сума на пари за да се изврши хируршка интервенција.
Подоцна, оштетената повторно била повикана од друго лице, кое се претставило како лекар и ѝ дало инструкции каде да ги остави парите.
Откако ги предала средствата, жената сфатила дека е измамена и случајот го пријавила во полиција.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот, како и за пронаоѓање на сторителите.

