|

Утре координација на пратеничката група на СДСМ за интерпелацијата на Гаши

СДСМ утре ќе oдржи координација со пратеничката група на која ќе донесе став во врска со интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Координацијата треба да се одржи околу 10 часот, рече лидерот на партијата, Венко Филипче.

Ќе дозволите тоа да не биде мој личен став, туку на пратеничката група“, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по собирот што го организира неговата партија за зголемување на платите на просветните работници.

Собранието за 3 септември ја закажа седницата на чиј дневен ред е интерпелацијата на Гаши, поднесена од пратениците на Левица.



Слични Објави