| |

ПРОТЕСТ ЗА СТОПИРАЊЕ НА ИЗГРАДБАТА НА АЛИПАШИНАТА ЏАМИЈА ВО ОХРИД

Здружението на граѓани „Совест“ в понеделник во 20 часот ќе одржи протест на улицата Димитар Влахов во Охрид, со цел стопирање на изградбата на Алипашината џамија, јавува Макфакс.

„Организираме мирен протест по повод незаконско градење на Алипашина џамија. Да му ставиме стоп на беззаконието, нема правда нема мир”, објавија од „Совест”

Овој протест е закажан, откако претходно, неколкупати беше одложуван поради ветувањето на Владата и Општина Охрид дека ќе се најде решение за овој проблем.



Слични Објави