Народни творци и изведувачи од Бугарија, Северна Македонија, Грција и Србија учествуваа во фолклорен фестивал во Банско и Добриниште
Традиционалниот меѓународен фестивал „Зимска приказна“ собра стотици народни творци и изведувачи од Бугарија, Грција, Северна Македонија и Србија во Банско и Добриниште на 7 и 9 март, јавува Пиринско. Фестивалот се организира од Бугарскиот арт и фолклорен центар „Нестија“ и има за цел претставување на изворниот бугарски фолклор и промоцијата на бугарските зимски туристички центри. Ова во емисијата „Метроном“ на Радио Фокус го изјави претседателот на Бугарскиот арт и фолклорен центар „Нестија“, Христо Станков.
„Сите настани што ги организираме, а се повеќе од 100 годишно, се поврзани со националната кампања ‘Да го запалиме и сочуваме бугарскиот оган’. Идејата е да ја запалиме љубовта кај младата генерација, а потоа да го сочуваме нејзиниот интерес кон бугарскиот фолклор, кон бугарските уметности и култура.“, вели Станков.
Некои од најголемите фолклорни концерти се одржуваат во летните месеци во Сончев Брег, Свети Влас, Несебар и Поморие. „Досега имаме речиси 1000 пријавени странци и над 1000 бугарски учесници, а пријавувањата сè уште траат,“ посочи гостинот и објасни дека минатата година, во текот на трите фестивалски летни месеци, се одржале 37 концерти со над 4000 странски учесници и повеќе од 1500 Бугари.
Според него, сè повеќе млади луѓе тргнуваат по неговиот пат и организираат различни културни настани со фолклорна насоченост.
„Постои голема радост на локално ниво во регионите. Има добри и одговорни општини што многу добро ја развиваат културната дејност. За жал, во Бугарија нема соодветна политика за развој на овие културни активности, па ние ги организираме речиси на доброволна основа. Бугарскиот фолклор опстојува со многу напор и со голема посветеност од колегите,“ додаде тој и истакна дека би било добро да се создаде Закон за заштита на бугарскиот фолклор, да постојат јасни правила во Бугарија, бидејќи бугарската култура е едно од највредните нешта што ги поседуваме“, дециден е Станков.

