В. ЦВЕТКОВСКИ: МАКЕДОНЦИ НЕ СЕ СТАВАЈТЕ ВО ЗАБЛУДА ДЕКА ГРЦИТЕ ТРЕБА ДА НЕ ПРИЗНААТ КАКО НАРОД
Да објаснам една многу проста работа, особено во 21 век, и на Грци и на Македонци.
Грци, од страна на други држави се признава само држава, никако не може некој народ да признава друг народ или да не го признава за тоа што тој е или што не е. Оваа држава бара од вас признавање, да ја признаете како држава-реалност на север од вас, не бара признавање овој народ!!! И да сакате да го признаете македонскиот народ тоа просто е невозможно!!! Се признава држава, а не народ!!!Македонци: не се ставајте самите во заблуда, и не се ставајте во положба да барате признание како народ од друг народ, за што воопшто нема никаква потреба, и не само што нема потреба, ами просто е невозможно. Од 1990 година бараме признание на нашата држава, а не на нашиот народ. Државите те признаваат како реалност на држава меѓу нив, а не како народ!!!
Автор: Васко Цветковски, преведувач.
