Вајц за извештајот за напредокот на РСМ: Документот нема за цел да ги истражува и анализира билатералните односи на Бугарија и Северна Македонија
Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET) го одложи разгледувањето на извештајот за напредокот на Северна Македонија за крајот на јуни (24.04), на барање на известувачот Томас Вајц, јави БГНЕС.
Во своето кратко обраќање денес, известувачот изјави дека документот кој го изработува нема за цел да ги истражува и анализира билатералните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој исто така рече дека не може да прифати надворешно мешање во однос на заклучоците во извештајот.
„Сите знаат дека овој извештај беше предмет на жестоки политички расправи. Целосно стојам зад мојот извештај. Во преговорите учествуваа сите политички групи. Компромисните амандмани се поддржани од сите нив. Ова е извештај на Европскиот парламент што се однесува до подготвеноста на Северна Македонија за приклучување. Прашањето за малцинствата, заедно со владеењето на правото, се прашања од заеднички европски интерес“, рече Вајц.
