Имаме ли заедничка историjа со Бугарите?

//

Секоj Македонец сам треба да наjде одговор дали со Бугарите имаме заедничка историjа.

(1) Во древноста териториите на денешните Македонија и Бугарија се населени со блиски по сродство пеонски и тракиски племиња. По големата преселба на народите и „Темните векови“ територијата на Република Македонија станува дел од Првото бугарско царство, подоцна од Второто бугарско царство, а за време на ромејското владеење е позната како „Тема Бугарија“.
(2) По наредба на цар Борис I свети Климент и свети Наум градат книжевни школи на сите територии на тогашното бугарско царство – денес во составот на Бугарија, Романија, Србиjа, Македонија и Албанија. Така се става почетокот на средновековната Славјано-бугарска цивилизација која влијаела на целиот словенски свет и източна европа.
(3) Во 10 век Свети Иван Рилски, основач на Рилската света обител, е прифатен од царот и народот за небесен заштитник на бугарскиот народ. Неговите најблиски ученици се Прохор Пчински и Јоаким Осоговски, кои ги основуваат соодветните манастири.
(4) Со посебни грамоти по падот на Охрид, Василиј II Македонски Бугароубиец признава одредена црковна автономија за Бугарите. Земјиштето на денешна Република Македонија, но и оние околу Софија и Видин се нарекуваат „Тема Бугарија“.
(5) Петар Делјан крева востание со декларирана цел – обновување на бугарската држава.
(6) За време на Второто бугарско царство, во 1253 болјарскиот совет го избира скопскиот болјарин Константин Тих за цар на Бугарите.
(7) Прифатениот за официјален во 9 век словенски јазик зборуван на територијата на денешните Бугарија и Македонија евулуира, ги губи падежите и инфинитивната форма, но се здобива со членувањето. Од времето на Теофилакт Охридски овој јазик бива нарекуван бугарски.
( 8 ) Откако ја зазема територијата на денешна Македонија српскиот крал Стефан Душан се прогласува за цар на Срби, Грци и Бугари.
(9) Петар Карпош наjвероjатно бил роден во Родопите и со сигурност пред да го дигне востанието на териториjата на денешна Македониjа бил воjвода на чета в Доспатската планина – на териториjата на денешна Бугариjа, на исток од измислената граница на Пиринска Македониjа.
(10) Етнонимот Бугари продолжува да се употребува на териоторита на денешните Бугарија и Македонија за разграничување од другите етноси на Балканот -Грци, Срби, Турци, Арнаути. Така тие се опишани во песните собрани како од браќа Миладиновци, така и од Србинот Стефан Верковиќ.
(11) Во рамките на Отоманската империја на териториите на денешните Бугарија и Македонија се зборуваат различни, но взаемно разбирливи дијалекти, наречени од тие што го говореле „бугарски“. Нема група од дијалекти, кои можат да бидат отграничени како „македонски“. Нема податоци за „национална“ граница меѓу териториите на денешните Бугарија и Македонија – едно село македонско, соседното – бугарско.
(12) Првите обиди да се пишува на зборуваниот бугарски јазик (на простейший язик болгарский) се направени во Македонија: Јоаким Крчовскки, Кирил Пејчиновиќ, браќата Миладиновци, итн
(13) Првиот град во кој населението бара бугарско училиште е Скопје.
(14) Бугарите во сите градови на денешните Бугарија и Македонија основуваат Бугарски општини. Контактуваат и така започнува трансформацијата на предмодерната бугарска идентификација во модерно национално самосознание. Отворена е мрежа од бугарски училишта. Кодифицирана е литературната норма на бугарскиот јазик. Иако се водат лути спорови околу тоа како да изгледа тој, конечно литературен јазик базиран главно на источните наречја е прифатен од сите.
(15) Со доаѓањето на медерната географија и етнографија истакнати европски научници го дефинираат мнозинството во Македонија како бугарско. Како таква таа е прикажана на картите и истражувањата на: Ами Буе, Лежан, Фон Хан и Зах, М.Ф. Мирковиќ, Мекензи и Ирби, проф. Ербен, Елиза Реклју, Хајнрих Киперт, Александар Синве, Сакс и Славјанското благотворно друштво и други.
(16) Бугарската егзархија не е религиозна секта, а национална институција. Бугарски свештеници од Македонија се во првите редови на борбата за конституирање на Егзархијата.
(17) Бугарската егзархија е постигната по долгогодишни борби, во кои учествуваат и Бугари од Македонија. Териториите на денешна Македонија гласаат со над 2/3 мнозинство да се приклучат на Егзархијата.
(18) Во 19 век се забележани спорадични манифестации на македонска (небугарска) идентификација, но тие се маргинални и не создаваат никакво организирано движење, макар да добиваат поддршка од надворешни фактори како српскиот политичар Стојан Новаковиќ и грчкиот владика Каравангелис.
(19) Бугари од Македонија учествуваат во бугарското револуционерно движење. Решенијата на Берлинскиот конгрес се примени во Македонија како апсолутна катастрофа. Собрани се многу потписи до големите сили за зачувување на Санстефанска Бугарија.
(20) Бугари од Македонија учествуваат како основачи на современата бугарска држава, во борбите за обединување и во Српско-бугарската војна. Меѓу доброволците во оваа војна се водачите на Разловечкото и на Кресненското востание, вклучувајќи ги и Димитар Беровски и 80 годишниот дедо Иљо Малешевски.
(21) Македонското револуционерно движење започнува со основањето на Бугарскиот македонско – одрински револуционерен комитет, кој се бори за единствена автономија на Македонија и Одринска Тракија, со бугарски цркви и училишта. Илинденското востание се одвива под заедничка команда и се протега од Крушево до Црното Море.
(22) Аферата Мис Стон е предизвикана од Јане Сандански роден во с. Влахи Пиринска Македонија, Христо Чернопеев роден во с. Дерманци-Ловеч (Северна Бугариjа) и Крстјо Асенов роден во Сливен (Jугозападна Бугариjа).
(23) Илјадници доброволци од Македонија се запишуваат во македонското ополчение кон бугарската армија за време на Балканските војни и Првата светска војна.
(24) Иако жителите на Македонија да биле мобилизирани во неколку армии, само во Бугарската тие достогнуваат до највисоките позиции. Само во Охрид се родени и одраснале осум бугарски генерали.
(25) По Првата Балканска војна Грција и Србија нудат на Бугарија се од што таа има потреба: Одринска Тракија, широк излез на Егејското Море и градовите Штип, Кукуш и Кавала. Бугарија не прифаќа поделба на Македонија и така избувнува Втората Балканска војна. Романија и Османлиската империја ја удираат Бугарија во грбот и така се доаѓа до Букурешкиот мировен договор познат во Бугарија како Првата национална катастрофа.
(26) За време на балканските војни и Првата светска војна сите фракции на ВМРО и речиси целата интелигенција ја поддржуваат каузата на Бугарија во војните не само против Отоманската империја, но и против Србија и Грција.
(27) По поразот, во 1919 година се обновува ВМРО, организацијата зема учество во политичкиот живот на Бугарија и ја користи територијата на Пиринска Македонија како слободна зона каде нема испратени бугарски жандари и колонисти и не е затворено ниту едно училиште, за навлегувања против Југославија и Грција.
(28) Стотици илјади Македонски Бугари бегаат од Турци, Грци и Срби во Бугарија и се прифатени како свои. Таму тие ги заземаат водечките позиции во науката, културата, бизнисот и политиката. Двајца бугарски министер претседатели се родени и одраснати на територијата наденешна Р. Македонија.
(29) Непомирливите борци за независна Македонија во периодот меѓу војните си ја претставуваат како „Швајцарија на Балканот“, каде секој етнос ќе има свои кантони. Самите тие не го кријат бугарскиот идентитет. Левото крило за првпат ја лансира организирано идејата за компромис со Белград и изградба на македонски идентитет, во рамките на Југославија или некаква Балканска федерација. Се прават првите значајни обиди за кодифицирање на посебен од бугарскиот македонски јазик.
(30) По колапсот на Југославија во Втората светска војна повеќе акциони комитети се прогласуваат за присоединување на Македонија кон Бугарија.
(31) Бугарската администрација е пречекана со исклучителен ентузијазам. Комунистите решаваат да започнат отпор дури по Хитлеровиот напад над СССР. Дури тогаш македонските комунисти се раздвоени меѓу БКП и КПЈ. Решението да се приклучат на КПЈ е донесена во Москва.
(32) Жртвите за време на војната на териотриите администрирани од Царство Бугарија се значително помалку отколку во сите други делови на Југославија.
(33) Отпорот во Македонија е значително помал отколку во другите делови на Југославија. Меѓу партизаните има многу Срби, Црногорци, Албаници и дезертери од бугарската армија. Дури на решенијата на АСНОМ се зборува за „братскиот бугарски народ“
(33) По војната е кодифициран македонскиот јазик. Исфрление се светиклиментовите букви, а се внесени српски и новоизмислени букви и зборови. Наметнат е и т.н. Закон за Македонската национална чест, според кој секој кој се определува за бугарин е заплашен со затвор. Имињата и презимињата на мнозинството граѓани се „помакедончени“. Во Бугарија политиката на „македонизација“ среќаеа отпор и во 1963 година е напуштена.
(34) Бугарија и Македонија споделуваат општа историја и заедничко културно наследство што треба да ги обединува, а не конфронтира.

Извор: Macedonian Bulgarians / Македонски Българи



Претходна статија

Претседателот на парламентот на Бугарија сменет од функцијата

Следна статија

(Видео) Радев за РС Македонија и ветото: Бугарите и Народното собрание треба да знаат кој став ќе го брани премиерот во Брисел

Најново од Ваш став

Туѓа влада

Facebook статус на Никола Димитров Новата опаковка на предлогот е апсолутно истиот непоправлив дебакл со кој