ВАКЦИНИРАНИ 1274 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, НАД 102 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19

Досега 1274 здравствени работници примиле вакцина против Ковид-19, информираа од Министерството за здравство.

loading...

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со 4680 од предвидените 8000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.



Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ 63.075 лица се пријавиле за вакцинација, а 39.003 граѓани преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство.

loading...