Валерија веќе е во Франција, вечерва ќе ја подигне својата награда за освоеното трето место на ликовниот конкурс на УНЕСКО
Фондација „Бугарска памет“ објави фотографии од посетата на младата ликовна уметничка од Битола Валерија Костовска и нејзините ментори од Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ во Франција.
„ Во последните неколку дена делегацијата ги посети Париз и Троа, а вечерва на официјална церемонија ќе биде награден младата ликовна уметничка, која го освои престижното трето место во светот за Северна Македонија на детски ликовен конкурс на УНЕСКО“, велат од Фондацијата на д-р Врабевски.
Од таму потсетуваат уште дека токму д-р Врабевски ја финансираше посетата на Валерија и нејзините учители во Франција, за да може талентираното дете лично да ја добие наградата за својата земја.
„Уште еднаш и честитаме на големиот успех!“, велат од Фондација „Бугарска памет“.