ВАНЕ ЦВЕТАНОВ: ДИМИТАР ДИМОВСКИ ГИ КОДОШЕШЕ СВОИТЕ СОБОРЦИ ОД СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ ОД ВРЕМЕТО НА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ

//

Игор Јанушев, детето од Велес кое во 2006-та година патувше со воз од Велес за Скопје, на работа кај Миле Јанакиевски во кабинет, а денеска милионер осомничен за проневери со набавката на автобусите во ЈСП, говори дека уапсените од денес биле чесни луѓе…
Еве семо еден пример, колку е чесен и КОЈ Е ДИМИТАР ДИМОВСКИ?
Оној истиот кој вчера со лаги и клевети фрлаше дрва и камења по Премиерот Зоран Заев. Дали знаете кој е бесрамникот ДИМИТАР?

Еве јас ќе Ви кажам:

1. Димитар е од Берово или беровско, сиромашен студент во деведесетите години во Скопје.
2. Димитар како член на УМС, за време на студентските протести од времето на Филип Петровски, во ДБК секој ден си ги кодошел своите соборци. Патриот за пример нели?
3. Димитар во времето на Миле, од висока позиција во Министерство за транспорт и врски, значително го зголемува својот капитал. Сигурно не од плата.
4. Заради страв да не се откријат кодошењата од времето на протестите, Димитар учествува во местењето на одредени луѓе во случајот Шпион, каде што беше и сведок во судската постапка. Заради криење на неговите кодошлоци на најблиски другари или “браќа” од време на студентските протести, луѓе кои само случајно дознале за неговите кодошки активности, скапаа по притвори со години. Само врз база на зборот на кодош со досие, а колку вреди зборот на таков нечовек нека цени јавноста. 
5. Димитар, заради својата вмешаност во многу матни злодела со режимот, поврзани со парцели, ДУП-ови и ГУП-ови, освен што лично се збогатува, добива и бизнис.
6. Димитар помага да се најдат најдобри локации за хидроцентрали во малешевијата, ја силуваат природата заради профит и прават еколошка катастрофа за да се обезбеди поголема количина и поголем проток на хидроцентралата во која е ортак со Христијан Мицковски.

Оставам јавноста да цени за квалификациите на Јанушев, кои тежат исто колку и квалификациите на Димитар од вчера. За мене тежат 0, нула!
Кога крадецот посочува кон невин и вели држте го крадецот, е класичен безобразлук.
Таков е Мицковски,
Таков е Јанушев,
Таков е Димитар од Берово.

Димитар не само што е осомничен крадец и учесник во тешки кривични дела, не само што е лажго, не само што е дел од монтажата на случајот Шпион, според она што го слушнав во судот, тој бил и кодош на своите најблиски.

Во врвот на ДПМНЕ не е само Димитар од ваквата сорта. Многу се.

Затоа бев и сеуште сум лут на Oliver Spasovski, кој дозволи 2 години вакви тешки криминалци да ни држат лекции по морал и етика. За денешната акција му честитам на Министерот Спасовски, но очекувам уште многу вакви акции. Многу зло направија бандата од ДПМНЕ и време е за вистината.
Лут сум му на министерот што сеуште не ни помага да ги најдеме монтирачите на мене, на Tomislav Kezarovski, на Valentin Zafirov, на случаите Детонатор, Змиско око, Калдрма, Фаланга, Шпион, Агент, Ровер, Ликвидација, Филтер, Милка, Отпад 1 и 2, Метастаза, и уште неколку кои не ми текнуваат во моментов.

Ние ја чекаме нашата правда, не бараме милост. А со излегување на виделина на нашата правда, ќе се откријат уште многу гнасотилуци на режимот.

Најмногу боли, кога гледаме пресови на кои злосторници и помагачи на режимот го напаѓаат Заев и го нарекуваат со погрдни зборови… Знам дека клеветат и лажат од една страна, а знам за нивните злодела од друга страна. Е тоа боли. Боли многу. Боли да се гледаат режимските слуги на пресови, како се шетаат со скапи коли и живеат во луксузни домови, а ние жртвите на режимот под кирии, собираме средства за леб и лекови… Боли фактот што нашите џелати сеуште се “господа високоценети инспектори” во МВР, а истраги за монтажите на политичките процеси НЕМА.



Јас верувам во Премиерот Заев, знам дека нема да не заборави. 
Денешниот случај е светла надеж.
Да се надеваме дека МВР ќе продолжи со ваква динамика на централно, регионално и локално ниво.

Крајно време е ДА СЕ ИСКОРНАТ ИНСТАЛАЦИИТЕ НА РЕЖИМОТ!

#ИмаНадеж!

Facebook статус на Ване Цветанов



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: АПСЕЊАТА ОД ДЕНЕСКА СЕ БРУТАЛЕН ПОЛИТИЧКИ НАПАД

Следна статија

EMILY NAILS СО НОВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИНТЕРЕСНИ НОКТИ

Најново од Вести