ВМРО-ДПМНЕ ја смета за брутален политички напад во режија на власта денешната полициска акција во која се уапсени нивни членови и поранешни функционери од оваа партија. Според нив, не станува збор за кривично дело, туку за поинакво толкување на законските процедури кои тие ги сметаат за вообичаена појава во администрацијата. Опозициската партија е убедена дека по една или две години, обвинетите ќе бидат прогласени за невини.
