ВАРДАРОВИОТ ТИНЕЈЏЕР БЛЕСНА, ПА ЕХФ ГО НАГРАДИ: КИЗИЌ ЈА ИМА ОДБРАНАТА НА КОЛОТО ВО ЛШ (ВИДЕО)

Младата вардарова голманска надеж Марко Кизиќ, кој има само 18 години вчера ги воодушеви навивачите на црвено-црните о 15-те минути на голот против Мешков Брест, во кои запиша пет одбрани од кои две во иста акција и ЕХФ му го додели признанието за – одбрана на колото во ракометната елита.

Блесокот на Кизиќ не можеше да не остане незабележан, па заслужено тинејџерот се најде на првото место во изборот на „ЕХФ ТВ“ за шестата рунда во ЛШ.

„Оваа недела во фокусот е младиот Марко Кизиќ од Вардар. Двојна доза на одбрани ги воодушеви вардаровите навивачи. Не е лоши за 18-годишно момче!“, објави „ЕХФ ТВ“ по изборот на вардаровиот тинејџер за одбраната на колото во ЛШ.

Кизиќ со својот настап го натера цел „Јане Сандански“ да го скандира неговото име, а очигледно дека суперталентираниот голман со ова ќе добие уште поголема самодоверба и мотивација за уште подобри настапи меѓу диреците на голот на европскиот ракометен првак.

Петте најдобри интервенции во ова коло во изворот на „ЕХФ ТВ“ може да го погледнете ТУКА.

Извор: Спорт1