Вархеји: Му благодариме на Борисов за историската одлука за Европа и за Северна Македонија

/

Оливер Вархељ, еврокомесарот за проширување на Европската Унија, изрази благодарност до лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, кој денеска соопшти дека францускиот предлог е прифатлив за неговата партија.

„Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ, Бојко Борисов, за историската одлука за Европа и за Северна Македонија да прифати преговори базирани на францускиот предлог дозволувајќи да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија. Очекуваме владата да ги достави неопходните предлози до парламентот денеска за да може Европа да оди напред“, напиша Вархеји на „Твитер“.

Борисов изјави дека ГЕРБ ќе даде зелено светло за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија ако има таков предлог од бугарската влада во бугарскиот парламент.



Претходна статија

Николова од СДСМ: Економската криза на површина извади нечесно и измамничко постапување на дел од трговците

Следна статија

Митева: СДСМ им го отежни животот на десетици илјади семејства

Најново од Вести