Николова од СДСМ: Економската криза на површина извади нечесно и измамничко постапување на дел од трговците

/

„Владата предводена од СДСМ вчера го усвои новиот предлог-закон за заштита на потрошувачите. Преку ова законско решение се обезбедува високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, но и се гарантираат полесни услови за деловно работење на компаниите. Преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за своите права, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите овој закон ќе овозможи подобро остварување на правата на потрошувачите“, рече, меѓу другото, на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Николова.

Tаа рече дека „потрошувачите чии права се повредени преку нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики од страна на трговецот имаат право на надомест на штетата, на сразмерно намалување на цената и раскинување на договорот, а за трговците се предвидени глоби, санкции и забрана за вршење дејност“.

„За прекршување на одредбите од овој закон, предвидени се глоби од 50 до 500 евра за одговорното лице и за трговецот поединец, односно од 500 до 10.000 евра за трговците во зависност дали станува збор за мал, среден или голем трговец. Светската економска криза на површина извади многу нечесно и измамничко постапување на одредени трговци на штета на потрошувачите. Со овој закон значително ќе се унапреди заштитата на потрошувачите и ќе се стави крај на неетички, измамнички пракси од страна на трговците“, посочи Николова.





Претходна статија

Данска најави четврта доза oд вакцината потив корона за лица над 50 години

Следна статија

Вархеји: Му благодариме на Борисов за историската одлука за Европа и за Северна Македонија

Најново од Вести