ВЕЛЕШАНИ ЗА ПРИМЕР: ГОСТИЛНИЦА БОЕМ И СЕМЕЈСТВОТО НА ПАНЧЕ ЌУМБЕВ НАХРАНИЈА 400 ЛУЃЕ

Денеска гостилницата Боем и Панче Ќумбев со семејството нахранија 400 луѓе …

„Нека биде провокација за сите кои имаат ПОВЕЌЕ да дадат на оние кои имаат ПОМАЛКУ“ , стои во fb објавата за овој убав настан.

Денска од 11:00 до 13:00 часот пред гостилницата беа поделени околу 400 оброци на социјално најзагрозените лица.

Дел од оброците беа наменети за дел од ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ.

Од гостилницата Боем изразуваат голема благодарност до Црвен крст Велес и Ленче Здравкин за техничката помош, и Панче Ќумбев со семејството како главни донатори на оваа акција.



Слични Објави