ВИ ПОСАКУВАМ САМО ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО ЗА ДА БИДЕТЕ СРЕЌНИ!
Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8-ми Март секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век.
Иако во 21 век некако се изместија вредностите на овој празник, 8-ми Март, повеќе на ништо не ме потсетува на Цеткин и Луксембург, нивите големи визии за жените и нашето заслужено место во општеството, еманципацијата, рамноправноста на жените со мажите, изедначувањата на платите, податоците дека сè уште не сме изедначени на ова поле.
Горда сум што многу жени во денешно време се борат за свите позиции на било кое поле во нашето општество, и се одличен пример за многу други жени. Жените одсекогаш се покажале како одлични лидери не само со семејните обврски, туку и на професионално поле со своите работни обврски.
Но кај мене се буди револт на оваа тема, 8-ми Март ме тера да ги погледам нештата од еден друг агол. Како ја негуваме корупцијата уште од мали нозе, уште поважно, на местата кои треба да бидат основа на правилно гледање на нештата, градењето на идентитетот кај секое дете, местата каде што тие се описменуваат, каде треба да научат да размислуваат со своја глава.
Утре е најавен и мирен протест на жените од владејачката партија на чело со Цветанка Ласкова, експерт за добивање тендери од иновацискиот фонд. Зарем без тронка совест ќе го водите маршот? Јас лично решив да се изземам од овој непристоен, вулгарен начин на привлекување внимание. Секоја чест на исклучоците како жените во АРМ и сите оние кои гордо стојат зад своите професии и ги штитат женските права. Многумина на денешен ден ќе ви посакаат убави нешта, но ретко кој ќе се потруди тоа и да го исполни! Јас ќе ви посакам само онолку колку што ви е потребно за да бидете среќни… Среќен 8-ми Март.
Автор: Фросина Китановска
